Во Антверпен запленет огромен арсенал оружје
Белгиската федерална полиција соопшти дека во градот Антверпен запленила цел арсенал воено оружје.
Во полициската акција запленети се 21 калашников, бројно огнено оружје и муниција, кокаин, мобилни телефони и СИМ картички, 148.850 евра во кеш како и документи со хемиски формули.
Случајот започнат во северот на Франција на почетокот на октомври кога биле сопрени двајца Французи со спортска торба која содржела четири калашникови и друго огнено оружје и муниција.
По контакти со белгиската полиција, истрагата довела до два стана и гаража во општина близу Антверпен каде е пронајден арсеналот.
Отворена е истрага од страна на Обвинителството, приведена е 38-годишна жена, нејзиниот сопатник, 42-годишен маж, е пуштен на слобода после распитот во полиција.