Во Белград нападнат лидерот на Слободните граѓани, и актер – Сергеј Трифуновиќ

Сергеј Трифуновиќ, познат српски актер кој влезе во политика пред неколку години и е лидер на Движењето на слободни граѓани, беше нападнат денеска во центарот на Белград.

Трифуновиќ бил нападнат додека собирал потписи за претстојните избори.

Според српски медиуми, случаен минувач му пристапил на Трифуновиќ и, по кратка расправија, го удрил по глава. Полицијата го привела напаѓачот кој е на 67-годишна возраст.

Back to top button
Close