Во Бугарија вршат истрага за 14 трансплантации извршени во болница во Софија

– Бугарската Дирекција за борба со организаиран криминал врши истрага за 14 трансплантации извршени во болница во Софија.

– За случајот е побарана помош од Молдавија, изјави техничкиот мнистер за внатрешни работи Бојко Рашков. Истрагата е почната откако министерот за здравство донел резултати од проверки извршени со МВР на Бугарија.

„Првичните податоци се дека се извршени груби прекршувања на законот и медицинската пракса. Сторителите мора да бидат идентификувани и предадени на обвинителството и судот , додаде Рашков.

Бугарија е земја на потекло на трговија со луѓе, што значи дека голем број луѓе стануваат жртви на ова злосторство. Вклучувајќи дури и продажба на органи и новороденчиња, изјави специјалниот претставник и координатор за борба против трговија со луѓе во ОБСЕ Валијант Ричи, јави БТА.

Предмет на неговата посета е трговија со луѓе меѓу етнички малцинства и други ранливи групи, вклучително и азиланти без придружба и мигранти кои минуваат низ Бугарија.

Back to top button
Close