Во Чешка дополнителни два дена годишен одмор за државните службеници кои ќе се вакцинираат против Ковид-19

– Чешката Влада денеска донесе одлука според која два дополнителни дена годишен одмор ќе им бидат понудени на државните службеници кои ќе се вакцинираат против Ковид-19, соопшти премиерот Андреј Бабиш.

Чешката Република, која има 10,7 милиони жители, соопшти дека до 29 јули биле дадени 10,19 милиони дози и дека 4,74 милиони луѓе се целосно вакцинирани.

– Целта е да имаме максимална вакцинација, да се заштитиме од инфекција од странство, рече Бабиш. Тој додаде дека вакцинацијата е главната задача.

Од почетокот на пандемијата, 1.673,219 случаи на коронавирус се регистрирани во Чешка, а 30,363 луѓе починаа од последици на Ковид-19.

Back to top button
Close