Во Црна Гора од почетокот на годината 19 напади и закани врз новинари и медиуми

Центарот за граѓанско образование (ЦГО) оваа година регистрира 19 напади и закани врз новинари и медиуми во Црна Гора, јави агенцијата Анадолија.

Невладината организација на Твитер објави дека имало осум напади врз новинари, седум закани преку интернет, три напади врз медиумски куќи и една закана упатена кон медиумска куќа.

„Кога станува збор за медиумски куќи, од вкупниот број напади и закани, пет се однесуваат на Градската телевизија, четири за Радио-телевизијата на Црна Гора, четири за „Вијести” и по еден за „Беране онлајн“, „Дан”, „М портал”, „Побједа”, порталот „Стандард” и Радио-телевизија Никшиќ”, соопшти ЦГО.

Минатата година биле регистрирани 21 напад, а годинава 19.

„Овие бројки нè потсетуваат дека надлежните органи мора да вложат сериозни напори за заштита на поредокот. Слободата на изразување е загарантирана со Уставот, а Владата на Црна Гора мора да обезбеди услови за развој на медиумскиот плурализам и слободата на медиумите”, нагласи ЦГО.

Back to top button
Close