Во Делчево одбележана Европската недела на мобилност

 Промотивен материјал со едукативни содржини за користење велосипед како алтернативно превозно средство во услови на пандемија, беше главната цел на денешната активност во Делчево која ја реализираа претставници на Полициското одделение од општа надлежност Делчево и Отсекот на превенција при СВР Штип.

Активноста, како што информираше полицискиот службеник Андреа Мулачка, се реализира во рамки на Европската недела на мобилност.

-Оваа кампања трае до 16 до 22 септември поради што на велосипедистите им поделивме едукативни флаери, заштитна маска и вода. Активноста ја реализираме во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата од каде е обезбеден промотивниот материјал, рече Мулачка.

Граѓаните ја поздравија активноста, порачувајки што повеќе луѓе да користат велосипед.

-Ваквите активности се добри бидејки се здобиваме со повече знаења за нашите обврски како велосипедисти. Се покажа дека велосипедот многу повеќе се користи за време на пандемијата што сигурно ќе придонесе бројот на велосипедисти да се зголемува од ден на ден, истакнаа граѓани кои денес ги затекнавме на велосипед во центарот на градот.

Како што информираа од Отсекот за превенција при СВР Штип, во рамки на Европската недела на мобилност денес активности ќе се реализираат и во општините Македонска Каменица и Кочани.

Back to top button
Close