Во Договорот со Бугарија и во „францускиот предлог“ не стои дека историјата е услов за почеток на преговори со ЕУ, призна Силјановска

Во Договорот со Бугарија и во „францускиот предлог“ не стои дека историјата е услов за почеток на преговори со ЕУ, призна Силјановска

Претседателката кандидатка на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска самата ги демантираше ставовите која таа и нејзината партија веќе две години ги пласираат во јавноста, за наводна бугаризација.

Во интервју за ТВ 24 таа е децидна дека историските прашања не се споменуваат во ниту еден европски документ особено како услов за натамошниот прогрес на земјава кон Европската Унија.

Силјановска посочува дека Бугарија, според преамбулата на Договорот за добрососедство и пријателство има обврска да ја подржува интеграцијата на Македонија кон ЕУ, а дека двете земји ќе разговараат за историските прашања. Но тоа, според неа, јасно покажува дека историскиот спор меѓу Скопје и Софија воопшто не е услов за отпочнување на преговори за зачленување на Македонија во ЕУ

Back to top button
Close