Во Египет 24 членови на Муслиманско братство осудени на смрт

– Египетскиот суд осуди 24 членови на организацијата Муслиманско братство на смрт, обвинети за убиство на полицајци во два одделни случаи.

Тие се осудени поради поставување на бомба во полициски автобус во египетската провинција Бехеира во 2015 година, при што загинаа тројца полицајци, а повеќе мина беа повредени. Додека вториот случај се однесува на убиство на полицајци во 2014 година.

На осуммина им се судеше во отсуство бидејќи се во бегство.

Муслиманско братство во 2013 година е прогласена за терористичка организација, по едногодишниот претседателски мандат на Мохамед Морси.

Back to top button
Close