Во Европа се појави нов вид на „Делта“ сојот – експертите велат дека се шири побрзо

Во Европа се појави уште еден нов сој на вирусот ковид-19 со имее „Делта плус“.

Како што пишуваат британските медиуми, новиот сој циркулира низ Велика Британија со недели, а експертите тврдат оти е сѐ уште рано за проценка дали е поопасен од останатите.

Досега британските здравствени власти регистрирале 41 случај на новата везија на познатиот индиски сој.

Индиските власти велат дека „Делта Плус“ побрзо се шири, полесно се врзува за клетките во белите дробови и потешко се лекува. Меѓутоа, сè уште се спроведуваат истражувања за тоа дали овој сој е навистина поопасен од досегашните. Во Индија досега се забележани повеќе од 40 случаи на зараза со „Делта Плус“.

Освен во Британија и Индија, новиот сој е забележан и во 10 други држави: Канада, Кина, Јапонија, Непал, Полска, Португалија, Русија, Турција, Швајцарија и САД.

Back to top button
Close