Во Хонг Конг осудени четиринаесет активисти, им се заканува доживотен затвор

Советот на судии за национална безбедност, избран од владата на Хонг Конг, прогласи 14 продемократски активисти за виновни за „заговор за поткопување на државниот авторитет“ во најголемото судење за националната безбедност на „Хонг Конг 47“. Речиси сите осудени се поранешни политичари, а пресудата веднаш ја осудија групите за човекови права, пишува Гардијан.

Судењето, кое траеше десет месеци, заврши во декември, речиси илјада дена по нивното апсење. Меѓу осудените има и поранешни претставници и активисти.

Единствените ослободени се поранешната советничка Лоренс Лау Ваи-Чунг и Ли Јуе-шун, поранешен социјален работник. Ова се првите ослободителни пресуди изречени по кривично гонење согласно законот за национална безбедност од 2020 година.

Од вкупно 47 обвинети, 16 се изјаснија за невини. Тие беа уапсени на почетокот на 2021 година по масовните полициски рации во нивните домови и канцеларии. Повеќето од нив оттогаш се во затвор. 31 од нив ја признаа вината и се уште се чека правната завршница на нивните случаи. Вкупно 45 лица се соочуваат со казни до доживотен затвор.

 

Во пресудата се вели дека планот на групата е да добие мнозинство во Законодавниот совет на Хонг Конг за да го блокира буџетот и да ја принуди владејачката партија да поднесе оставка доколку не се прифатат барањата на продемократското движење.

Инаку, репресијата на владата во Хонг Конг го остави градот без активна политичка опозиција. Многумина беа уапсени, а многумина избегаа во странство

Back to top button
Close