Во Икеа во Русија поголема гужва отколку во банките

Огромни гужви пред продавниците на Икеа во Русија. Русите панично купуваат мебел откако вчера шведскиот бренд соопшти дека ги затвора своите продавници во Русија.

Руските медиуми објавуваат фотографии и видеа од откако Икеа го запре целиот увоз и извоз во и од Русија и Белорусија, како и сите малопродажни и индустриски операции на компанијата во оваа држава.

Инаку, Икеа во Русија има 17 продавници и околу 15.000 вработени.

Според соопштението од компанијата, обезбедена е поддршка за вработените, а исто така Икеа донираше 20 милиони евра хуманитарна помош за насилно раселените поради конфликтот во Украина.

Под фотографиите од долгите редици во Икеа, објавени во руските медиуми, чести се коментарите дека рускиот народ не направил такви колони пред банките, како што тоа се случува во продавниците за мебел.

Back to top button
Close