Во Истанбул почна „Голем митинг за Палестина“
Илјадници граѓани од цела Турција во Истанбул учествуваат на „Големиот митинг за Палестина, како што го нарекоа организаторите.
На просторот каде што се одржува митингот, аеродромот „Ататурк“, поставена е огромна бина долга 60 метри и висока 14 метри, јави агенцијата Анадолија.
На собирот, покрај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и многу други турски официјални претставници, ќе присуствуваат и светски познатите уметници Јусуф Ислам, Махер Заин и Омер Караоглу.
Ердоган ги повика граѓаните да присуствуваат на митингот.
– Ги повикувам сите припадници на нашата нација на Големиот митинг за Палестина што ќе го одржиме на аеродромот Ататурк во Истанбул, каде уште еднаш на целиот свет ќе му ја покажеме нашата солидарност со нашите палестински браќа, рече Ердоган.