Во изминатото деноноќие 1.022 лица не носеле маски, за 231 решенија за изолација, а за 161 во самоизолација

 На 231 лице им се издадени решенија за изолација, а 161 лице потпишале изјави за самоизолација, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

Од страна на полициски службеници, како што информираа денеска од МВР, извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека две лица не ги почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 1.022 прекршоци.

Back to top button
Close