Во кабинетот на Пендаровски нема допис од Џафери дека собранието е конституирано

Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери се уште не испратил до претседателот на државата Стево Пендаровски известување дека Собранието е констиуирано.

Од кабинетот на Џафери на прашање на ТВ Канал 5 зошто тоа не е направено и дали ова значи дека рокот за мандатот се уште не почнат,одговор не добиле. Но, од ДУИ, партијата на Џафери, им изјавиле дека без известување дека Собранието е конституирано не може да бројат денови до доделување на мандатот.

Висок функционер на ДУИ за Канал 5 вели дека Џафери допис дека Собранието е конституирано ќе испрати откако ќе се направи и изборот на претседател. Но, од кабинетот на председателот Пендаровски не се согласуваат со ваквото толкување.

Потврдуваат дека до Вила Водно досега не е пристигнато ништо од Собранието. Но, и покрај ова Пендаровски веќе од средата брои 10 дена до чинот на доделување на мандат.

Од кај шефот на државата потсетуваат на ставот даден по конститутивната седница. „Кабинетот на претседателот го очекува дописот од претседавачот Талат Џафери со кој ќе информира дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите на ден 4 август 2020 година.

Без разлика на дописот, согласно уставните норми, роковите за доделување на мандатот на кандидатот на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието течат од 5 август 2020.“

Согласно ваквиот став рокот за мандатот истекува на 14 август в петок. Дека рокот тече согласен е и професорот од Правниот факултет, Борче Давитковски. Вели нема дилеми дека Собранието е конституирано и со тоа претседателот на државата е должен во рок од 10 дена да го даде мандатот

Back to top button
Close