Во Кичево брачен пар нападнал средовечен човек
ОВР Кичево добило пријава вчера (4 декември), во 18.15 часот за извршен вербален и физички напад во угостителски објект. Објектот се наоѓа на пресекот на улиците „11 септември“ и „4 јули“.
Кичевчаните Т.В. (41) и С.В. (32) го нарушиле јавниот ред и мир со физички и вербален напад кон С.С.(58), исто така од Кичево. Се очекува поднесување соодветна пријава по целосно документирање на настанот.