Во Кривичен завршни зборови за „Титаник 2“Делото на Мијалков му застарува во април

Во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска e спроведен поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за случајот „Титаник 2“ во кој е првообвинет.

Судењето е во фаза на завршни зборови и почна со прецизирање на обвинителниот акт од обвинителот Гаврил Бубевски. Прецизирањето е по насоките од Апелација, по укинувањето на пресудата.

Кривичниот суд во 2019 година го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

Според обвинението на СЈО, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Процесот го води судијата Огнен Ставрев. Датумот за пресудата ќе биде објавен по завршните зборови

Иако второто судење влезе во завршница, сепак, Мијалков во случај повторно да биде прогласен за виновен може да се спаси од одговорност.

Сите обвинети во предметот се гонат за злоупотреба на службената положба и овластувања, освен Мијалков, кој се гони за примање награда за противзаконито влијание – дело за кое во април 2023 година ќе настапи застарување.

За да не дојде до застарување, до април пресудата треба да стане правосилна, а за да се случи тоа потребно е прво во Кривичен таа да се изрече, па да се испрати до Апелација. Потоа второстепениот суд да се одлучува за евентуалните жалби на странките и на крај да се донесе одлука.

Back to top button
Close