Во куќа во Брчко пронајдени 31 дете, меѓу нив и помладо од една година – уапсени три лица под сомнение за трговија со луѓе
Во округот Брчко во БиХ, во населбата Ивици, пронајдени се 31 дете – од бебиња до 12 години, јави Н1 Сараево.
Полицијата приведе три лица поради сомнение дека сториле кривични дела „трговија со луѓе“, „трговија со деца“ и „запуштање или злоупотреба на дете“. Меѓу уапсените има и судски полицаец.
Децата немаат документи од БиХ, јавува Н1 Сараево
Неофицијално, пронајдените деца имаат хрватски пасоши, а биле кај жена која е италијанска државјанка, јавува Н1 Сараево.