Во Мариупол умре трудницата чија слика го обиколи светот

Бремена жена и нејзиното бебе починаа откако Русија го бомбардираше породилиштето каде што требало да се породи, дознава Асошиетед прес. Сликите на жената како итно однесена во амбулантно возило на носилки го обиколија светот, олицетворувајќи го ужасот на нападот врз најневините во човештвото.

На видеото и фотографиите снимени во средата од новинарите на АП по нападот на болницата, се гледа како жената како го гали крвавиот долен дел на стомакот додека спасувачите брзаат со неа низ урнатините во опколениот град Мариупол, а нејзиното лице го отсликува нејзиниот шок од она што штотуку се случило.

Тоа беше меѓу најбруталните моменти досега во руската сега 19-дневна војна против Украина. Жената била итно пренесена во друга болница, но поблиску до линијата на фронтот, каде лекарите се труделе да ја одржат во живот. Сфаќајќи дека го губи своето бебе, рекоа лекарите, таа им извика: „Убијте ме сега!

Хирургот Тимур Марин открил дека карлицата на жената смачкана и ѝ е изместен колкот. Лекарите го породиле бебето со царски рез, но тоа „не покажувало знаци на живот“, рече хирургот.

Потоа, тие се фокусираа на мајката

„Повеќе од 30 минути реанимација на мајката не даде резултати“, рече Марин во саботата.

„Двајцата умреа“.

Во хаосот по воздушниот напад во средата, лекарите немаа време да го дознаат името на жената пред нејзиниот сопруг и татко да дојдат да го земат телото. Барем некој дошол да ја земе, рекоа тие – така што таа не заврши во масовните гробници кои се ископани за многу од зголемениот број мртви во Мариупол.

Обвинети за воени злосторства, руските официјални лица тврдеа дека породилиштето било преземено од украински екстремисти за да се користи како база и дека таму немало пациенти или медицински лица. Рускиот амбасадор во ОН и руската амбасада во Лондон ги нарекоа сликите „лажни вести“.

Новинарите на Асошиетед прес, кои известуваат од внатрешноста на блокираниот Мариупол уште од почетокот на војната, го документираа нападот и од прва рака ги видоа жртвите и штетите. Тие снимија видео и фотографии од неколку крвави, бремени мајки кои бегаат од разнесеното породилиште, како  лекарите викаат, децата плачат.

Тимот на АП потоа им влезе во трага на жртвите во петокот и саботата во болницата каде што беа префрлени, на периферијата на Мариупол.

Во град кој е без залихи со храна, вода, струја или топлина повеќе од една недела, електричната енергија од генераторите за итни случаи е резервирана за операциските сали.

Back to top button
Close