Во нападот во Киев, со снимателот Фокс беше убиена и 24 годишна украинска новинарка

Набргу откако беше потврдено дека во близина на Киев е убиен снимател на Фокс њуз, пристигна информација дека е убиена и млада украинска новинарка.

Според Скај њуз, станува збор за 24-годишната Александра Кувшинова – Саша, која работи со тимот на Фокс њуз од почетокот на инвазијата на Украина.

Како што претходно објави Фокс њуз, бил погоден автомобилот со новинарите, а во таа прилика загинал нивниот снимател, додека дописникот бил ранет. Сега е објавено дека е убиен и млад новинар, а Sky News јавува и дека дописникот е тешко повреден и дека во нападот ја изгубил дел од ногата.

„Саша сакаше музика, беше љубезна, имаше 24 години. Работеше со нашиот тим и заврши брилијантна работа…“, напиша продуцентот на Фокс њуз на Твитер.

Back to top button
Close