Во Нигерија киднапирани осуммина од зграда во која живееле вработени во болница

– Во Нигерија вооружен напаѓач киднапирал осум лица од станбена зграда во која живееле вработените во локалната болница, меѓу кои и едногодишно дете, додека истовремено е извршен вооружен напад врз полициската станица во близина, потврди денеска полицијата.

Државата Кадуна во северозападна Нигерија е изложена на бран вооружени напади и киднапирања за кои киднаперите бараат откуп, а особено на удар е болницата на Националниот центар за третман на туберкулоза и лепра, која била мета трипати.

Портпаролката на болницата Меријам Абдулразак рече дека нападот траел околу еден час и потврди дека биле киднапирани шест лица, иако полицијата тврди дека киднаперите однеле осуммина.

Од декември минатата година, повеќе од 800 студенти се киднапирани во северна Нигерија, а 150 се уште се водат за исчезнати. 

Back to top button
Close