Во нормална држава, народот би се кренал за физичка пресметка со политичарите за платите, пишува Стеваноски адвокат и советник во Прилеп
“Во нормална држава, во ваква ненормална состојба, народот би се кренал за физичка пресметка со политичарите, а не да дозволи вакви ретардирани политички изјави да поминуваат без воспитни”.

Вака реагира адвокатот и советник во Општина Прилеп, Жарко Стеваноски, коментирајќи ја оценката на премиерот Христијан Мицкоски дека целта на синдикатите не била борба за повисоки плати, туку политичка пресметка.
Според Стеваноски, ваквиот наратив е навредлив и опасен, особено во услови кога реалноста за најголем дел од граѓаните е далеку од комфорна. Тој посочува дека живееме во општество во кое платите на функционерите надминуваат 2.000 евра, минималната плата изнесува околу 400 евра, а над 400.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија.
Во такви околности, како што нагласува, одлуката на синдикатите да организираат масовни протести за повисоки плати не само што не е политичка манипулација, туку претставува цивилизиран, легитимен и демократски чин.
„Наместо да се дискредитираат работниците и нивната борба, треба да се постави прашањето како е можно вакви социјални разлики да се сметаат за нормални“, порачува Стеваноски, заклучувајќи со горчливата констатација: каков народ, таква држава.





