Во Нови Сад почна протест под мотото „Што значи победа?“ на кој повикаа студентите во блокада

Неколку илјади граѓани се собраа попладнево во центарот на Нови Сад на протестот „Што значи победа?“, на кој повикаа студентите. Тој протест е продолжение на акцијата за собирање потписи за предвремени избори во државата што беше спроведена кон крајот на минатата година
Обезбедување е распоредено околу Градското собрание и низ целиот Плоштад на слободата.
Меѓу транспарентите, се издвојува пораката „Постои одговорност по име и презиме“.
Голем број полицајци во опрема за разбивање демонстрации се наоѓаат во Градското собрание.
Студентите најавија дека со ова почнува нова фаза од нивното движење и дека ќе бидат презентирани некои од нивните идеи за „ослободување на институциите“, како и понатамошните акции






