Во Оман почнаа индиректни преговори меѓу Иран и САД за нуклеарната програма
Индиректни преговори меѓу Иран и САД за нуклеарната програма на Техеран денеска започнаа во Маскат, главниот град на Оман, кој настапува како посредник, пренесе ДПА.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, соопшти дека делегациите од двете земји започнале разговори во одвоени простории, при што претставници на Оман ги пренесуваат пораките меѓу нив.
Ова е прв сериозен обид за обнова на дипломатските напори за прашањето на иранската нуклеарна програма по долготраен застој и зголемени тензии.
Иранската делегација ја предводи министерот за надворешни работи Абас Арагачи, додека американската страна е претставена од специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф.