Вo понеделник почнува судењето на Трамп
Судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе почне в понеделник пред Окружниот суд на Менхетен во Њујорк, што е прво судење на американски претседател во историјата под обвинение за кривично дело.

Не се знае дали Трамп ќе присуствува на првото рочиште, но се очекува тој да се појави пред судот во Њујорк во овој процес, додека води кампања за претседателските избори во ноември, пренесе АП.
Во овој процес треба да сведочи поранешниот адвокат и соработник на Трамп, Мајкл Коен. Коен претходно призна дека постоела шема за плаќање на порно актерката Сторми Даниелс






