Во поплавите во Нигерија загинаа повеќе од 150 луѓе

Во поплавите што го погодија северниот дел на Нигерија бројот на жртвите се искачи на 151 лице. Повеќе од 3.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во градот Моква поради надојдената вода.

Северниот дел на Нигерија, по продолжена суша, на 29 мај беше погодена од обилни дождови кои предизвикаа поплави. Според локалните медиуми ситуацијата се влошила и поради уривањето на брана во соседниот град.

Претседателот на Нигерија, Бола Тинубу изјави дека наредил формирање на национален кризен штаб за да се обезбеди итна помош за населението на поплавениот регион.

Операциите за пребарување и спасување се во тек, а сите федерални агенции се мобилизирани за да помогнат во напорите на властите на државата Нигер, наведе Тинубу, додавајќи дека за населението е обезбедена хуманитарна помош и привремено засолниште

Back to top button
Close