Во Прилеп отворена изложба на Христина Зафировска

Во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“  денеска е отворена изложбата на дела од уметничката Христина Зафировска. Делата во акрилна техника ја откриваат преокупираноста на Зафировска со вирусот Ковид-19.

М-р Билјана Галоска, која ја отвори изложбата, нагласи дека уметничкиот стил на Зафировска се категоризира како дел од модерната, апстрактна уметност.

-Креативните дела од овој циклус се изработени во акрилна техника – мал формат, симболизирајќи ја микроскопската големина на вирусот кој стана реална закана за човештвото. Со мирни потези нанесени се глатки брановидни и испрекинати линии – патот по кој вирусот се движи, а точкестите сегменти иницираат на  циркулацијата и ширењето на вирусот, рече Галоска.

Преку бојата, формата и начинот за визуелно претставување на делата, нагласи, го следиме уметничкиот стил на Зафировска, кој  заслужено може да се категоризира како дел од модерната апстрактна уметност.

Back to top button
Close