Во продажба влезниците за Скопскиот џез фестивал

Влезниците за претстојното издание на традиционалниот Скопски џез фестивал, што годинава ќе се одржи од 17 до 20 октомври, од денес се достапни на билетарницaтa на НОБ и онлајн на МКтикетс. Фестивалот годинава ќе го отвори супериорно најдобрата и најпопуларна џез-пејачка во светот, трикратната Греми лауреатка СЕСИЛ МЕКЛОРИН САЛВАНТ од САД со нејзиниот блескав квартет во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез-пијанисти, Саливан Фортнер. Опишана од Џеси Норман како „уникатен глас поткрепен со интелигенција и апсолутна музикалност”, Салвант се прослави со својата способност да откопува заборавени песни, оживувајќи ги со силни наративи, неочекувани пресврти и богата емоционална длабочина. Концертите на Сесил Меклорин Салвант се неповторливи доживувања, во кои таа покажува неверојатно чувство и талент за раскажување приказни.

Фестивалската програма годинава е исклучително силна, внимателно селектирана и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите светски имиња на современиот џез и креативната музика денес:

17 октомври
НОБ, 20:00 >> Cecile McLorin Salvant
МКЦ, 23:00 >> Next to Silence

18 октомври
НОБ, 20:00 >> Rodrigo Amado Тhe Bridge • The End

19 октомври
НОБ, 20:00 >> David Virelles • Rob Mazurek Exploding Star Orchestra
МКЦ, 24:00 >> Alabaster DePlume

20 октомври
НОБ, 20:00 >> Nicole Mitchell & Mark Sanders • Fire! Orchestra

Програма плус
12 октомври, AудиоКултура, 20:00 >> Промоција на CD: Next to Silence – ‘Ruh’
16 октомври, Галерија МКЦ, 19:30 >> Rob Mazurek: Radical Chimeras – изложба
16 октомври, Кино Фросина, 21:00 >> Miles Davis: Birth of the Cool – докум. филм
19 октомври, Јуроп Хаус, 12:00 >> Jazz for Kids – работилница за децаПовеќе детали за фестивалот: www.skopjejazzfest.com.mk
Инфо за билетите: http://skopjejazzfest.com.mk/mk/bileti/

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close