Во протестите во Бангладеш уапсени над 500 луѓе

Повеќе од 500 луѓе, вклучително и опозициски лидери, досега се уапсени во текот на неколкудневните судири во главниот град на Бангладеш, Дака предизвикани од протестите против квотите за работни места.

Најмалку 532 лица се уапсени поради насилството, изјави портпаролот на полицијата во Дака, Фарук Хосеин.

Тој додаде дека меѓу уапсените се и лидери на опозициската Национална партија на Бангладеш.

Back to top button
Close