Во Шпанија и Германија приведени лица осомничени за шпионажа во корист на Русија

Две лица се приведени во Германија и Шпанија под обвинение за шпионирање во корист на руското разузнавање, соопшти денеска Канцеларијата на германскиот сојузен јавен обвинител.

Агенцијата наведе дека цел на шпионите бил Германец кој доставувал дронови и сродни компоненти за Украина, пренесе ДПА.

Жена (45) од Романија е приведена во северозападниот германски град Рајне, додека 43-годишен маж од Украина е уапсен во југоисточниот шпански град Елда.

Германските разузнавачки агенции предупредија на зголемената закана од руска шпионажа, саботажа и дезинформации по почетокот на инвазијата на Москва врз Украина.

Back to top button
Close