Во шумските пожари во Франција изгореа 17.000 хектари земјиште


Во шумските пожари во Франција досега изгореа 17.000 хектари земјиште, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез.

Тој за француската онлајн телевизија БФМТВ изјави дека кога ќе се финализираат бројките за моменталните пожари, очекува дека ќе бидат уништени околу 25.000 хектари, што е двојно повеќе во споредба со истиот период во 2025 година.

Тој рече дека вчера биле забележани 250 пожари, а од таа бројка околу 30 биле критични.

Нуњез во истата изјава соопшти и дека 139 лица се удавиле во реките од 19 јуни досега. Во споредба со 2025 година, зголемувањето изнесува 18 отсто, истакна францускиот министер.

Back to top button
Close