Во Сирија жените на плажа треба да носат буркини

Новата исламистичка власт во Сирија денеска побара од жените да носат буркини или „соодветни“ костими за капење на јавните плажи.

– Од луѓето се бара да носат конзервативни костими за капење на јавните плажи или брегови (буркини или костими за капење што го покриваат целото тело). Од пливачите и посетителите на плажата воопшто се бара да носат соодветни костими за капење и да се однесуваат во согласност со јавниот вкус, се наведува во соопштението на сириското Министерство за туризам.

Исто така се препорачува надвор од плажите жените да носат широка облека, а мажите да не одат голи до појас.

Но, овие ограничувања не се однесуваат на приватните клубови, базени и луксузни хотели.

– Дозволено е да се носат обични западни костими ако се придржуваат до примерно однесување, се посочува во соопштението од Министерството за туризам.

Но, во соопштението не е прецизирано дали се предвидени санкции во случај на прекршување на новите прописи.

Сирија има преодна влада составена од членови на исламистичката група Хајат Тахрир ал Шам.

Back to top button
Close