Во Словенија започна шестиот бран на ковид-19, предизвикан е од верзијата BA2

Веќе трета недела расте бројот на новозаразени со коронавирус во Словенија, а водечкиот инфектолог Бојана Беовиќ вели дека веќе може да се зборува за шестиот бран на епидемијата на ковид-19, поради што е потребна зголемена внимателност.

„Се наоѓаме во шестиот бран на епидемијата, која очигледно е предизвикана од верзијата на омикрон БА2, која е позаразна од претходната БА1, така што сепак би било неопходно да се носат маски во затворени простории“, изјави Беовиќ за Словенечката телевизија. Епидемиолозите и владата се уште не размислуваат за можно повторно воведување на сите досегашни рестриктивни мерки, бидејќи бројот на хоспитализирани останува стабилен и низок, објавија во понеделник словенечките медиуми.

Владата во понеделникот објави дека 1.076 инфекции биле потврдени во последните 24 часа со 1.076 PCR и 4.489 брзи антигенски тестови, 169 повеќе од пред седум дена. Според Министерството за здравство, 135 пациенти се во болница, а 46 на интензивна нега, додека седум пациенти починале.

Во Словенија моментално има 33.281 активни случаи на инфекција, што е за 7.371 повеќе од пред една недела, покажуваат податоците на Националниот институт за јавно здравје (NIJZ). Седумдневниот просек на потврдени случаи продолжува да расте, моментално 2.697, а 14-дневната инциденца на 100.000 население е во пораст, моментално 1.571.

Back to top button
Close