Во тајните писма Чарлс го споредил Путин со Хитлер: Со својата „брутална агресија“ предизвика „ужасно страдање и уништување“.

Новиот британски крал Чарлс III долго време пишувал тајни мемоари кои ги праќал до видни министри и политичари, а во едно писмо од 2014 година го споредил рускиот лидер Владимир Путин со Адолф Хитлер, поради анексијата на Крим, пишува Мондо. Според Чарлс, Путин со својата „брутална агресија“ предизвикал „ужасно страдање и уништување“. Принцот кој над половина век чекаше да стане крал имал и несекојдневни размислувања за глобалното затоплување, генетскиот инженеринг, архитектурата и социјалната деградација на човештвото.

epa10173830 Britain’s King Charles III (L) and Camilla, the Queen Consort, greet onlookers as they arrive at Buckingham Palace in London, Britain, 09 September 2022. Britain’s Queen Elizabeth II died at her Scottish estate, Balmoral Castle, on 08 September 2022. The Prince of Wales became King after the death of his mother and will be known as King Charles III. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Писмата на „Црниот пајак“ беа само легенда и анегдота во Велика Британија сѐдо 2015 година кога судот наредил тие да бидат објавени во најголем дел по барање на новинар од Гардијан по име Роб Еванс. Дознавајќи за ова медиумите за брзо го нарекоа Чарлс „принцот што се меша“ во работите на државата. Тоа е затоа што од британската кралска фамилија по традиција се очекува да остане неутрална во однос на политиката.

Еванс ја почнал постапката за објавување на писмата во 2010 година. До 2012 година предметот паднал на суд, но по жалбата на Врховниот суд, во 2015 година британската влада и кралското семејство биле принудени да ги откријат мемоарите.

Џо Армитаж, водечки британски политички аналитичар во „Глобал Каунсел“, во врска со ставовите на Чарлс изјави:

– Отсекогаш постоела загриженост во одредени делови од владата, особено поради таканаречените писма „Црн пајак“ кои тој редовно им ги испраќал на министрите, дека Чарлс јавно ќе го изрази своето мислење и ќе се обиде да влијае на прашања од јавната политика. Тој, сепак, во своето прво обраќање до нацијата јасно стави до знаење дека веднаш ќе престане да го прави тоа, сугерирајќи дека ќе владее совесно и непристрасно во исто светло како и неговата покојна мајка.

– Она каде тој ќе се разликува (како крал) се однесува на големината и имиџот на кралското семејство во јавноста. Тој долго време се залагаше за намалена и модернизирана форма на монархија – додава британскиот аналитичар.

Back to top button
Close