Во Тексас убиени двајца заменици шерифи

Двајца заменици-шерифи се убиени во градот Идн, во центарот на Тексас, соопштија денеска претставници на американското Министерство за јавна безбедност.

Полицаецот Џастин Бејкер потврди дека загинале заменици во округот Кончо, но не даде повеќе детали, велејќи дека полицијата подоцна ќе објави соопштение.

Идн се наоѓа на околу 340 километри југозападно од Далас. 

Back to top button
Close