Во Украина отворени 16 кривични истраги поврзани со сексуално насилство

Украинската полиција примила околу 50 тужби и отвори 16 кривични истраги за наводи за сексуално насилство од страна на руски војници врз цивили, изјави денеска заменик-министерката за внатрешни работи на Украина, Катерина Павличенко.

Украина, нејзините меѓународни сојузници и Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации истражуваат потенцијални воени злосторства, вклучително и сексуално насилство во Украина откако Русија го почна нападот врз земјата во февруари.

Москва негира дека извршила воени злосторства и оти цели биле цивили.

Back to top button
Close