Во Велес двајца новорегистрирани со Ковид-19,а тројца излекувани пациенти

Во Велес во изминатите 24 часа регистрирани се двајца новозаболени со Ковид-19, соопштија од  Министерството за здравство, а според Институтот за јавно здравје има тројца оздравени пациенти.

Во Велес и Велешко моментално активни на Ковид-19 се 27 пациенти.

Како што информира за МИА, д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница еден од новорегистрираните заболени е 23 годишно момче, кое веќе лежело на Инфективното  одделение и чекало резултати од тест, а се заразило при летување во Охрид.

Таа информира дека двајцата од тројца оздравени се испишани како излечени од Инфективното одделение при велешката Општа болница, додека третиот излекуван бил на домашно лекување.

Инаку, на Инфективното одделение при велешката Општа болница моментално на лекување се 17 пациенти, од кои 15 се позитивни на Ковид-19, а двајца сомнителни на болеста биле примени денеска и чекаат да им биде земен брис, за да се провери нивната здравствена состојба. ад/цр

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close