Во велешката болница поради намален број на пациенти ставено во времено мирување Одделот за физикална кој беше втор Ковид центар

 

Во велешката Општа болница вкупно се хоспитализирани се 39 пациенти, од кои 32 се потврдени позитивни, непотврдени се двајца и пет пациенти се со негативен тест, но, задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 11 пациенти и споредено со изминатите денови бројот е во постојано опаѓање, информира портпаролот Елеонора Јованова.

Испишани се двајца пациенти како оздравени, со по еден негативен брис. На Инфективно одделение кое има  54 кревети има 33 пациенти. На Интерно Б крак се лекуваат  шест пациенти со последици по прележан Ковид.

Д-р Јованова информира дека на Одделот за физикална терапија и рехабилитација кој е наменет како втор Ковид центар во болницата, веќе немаат хоспитализирани пациенти и затоа е ставен во времено мирување.

Back to top button
Close