Во Виена маж пукал во тешко болната сопруга во болничката соба, па се застрелал себеси

Вчера попладне во виенската болница Фаворитен се одвивала голема драма, пренесува Heute. Во болница во Виена, неименуван маж, наводно, ја убил својата сопруга, а потоа се застрелал. На терен излегле голем број полициски службеници.Според информациите на тој весник, пукањето се случило нешто по 14 часот на одделението за неврологија. Мажот наводно пукал со пиштол кон својата партнерка, при што жената се здобила со фатални повреди.

По крвавиот чин, мажот наводно го вперил оружјето кон себе. На местото на настанот, покрај полицијата и итната помош, има и екипа за кризна интервенција.
Според информациите на Heute, се сомнева дека се работи за очајнички чин. Жената наводно била тешко болна.

Виенски Куриер јавува дека трагедијата се случила во собата на пациентката, која била далеку од другите пациенти. Според извештаите, медицинската сестра го слушнала пукањето и веднаш истрчала во собата.

Како што рекла, забележала маж со пиштол во раката. Додека медицинската сестра отишла да ги алармира службите за итна помош, мажот наводно се застрелал.

Инцидентот го потврдија и од клиниката Фаворитен. Одговорните моментално ги собираат сите информации. Истрагата е во тек.

Back to top button
Close