Во високото образование има 3166 наставници и 1330 соработници
Во високообразовните установи во академската 2022/2023 има 4496 наставници и соработници, соопшти Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број, 3166 или 70.4 проценти се наставници и 1330 т.е. 29.6 отсто се соработници во
наставата.
-Бројот на наставнички и соработнички во учебната 2022/2023 година е 2 252 или 50.1 отсто, наведува ДЗС во објавата.