Во земјава се стигнати 390 бегалци од Украина, сместени се кај пријатели
Од почетокот на војната во Украина досега, во Македонија се стигнати 390 бегалци од Украина, вели за „Фокус“Александар Урбанович, претседател на здружението Украинци во Македонија.
Овие информации, Урбанович ги добил од Центарот за бегалци, азил и миграции. Според неговите информации, 90 отсто од Украинците кои стигнале во Македонија се сместени кај пријатели и нини блиски.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пак денеска одговарајќи на новинарско прашање околу состојбата со украинските бегалци во земјава, рече досега во земјава дека се дојдени околу педесетина лица од Украина.