Во железничка несреќа во Чешка повредени 45 луѓе
Во судир на брз и патнички воз утрово во јужниот дел на Чешка повредени се 45 луѓе, од кои пет се здобиле со тешки повреди.

– Во болница се примени пет потешко повредени лица, изјави портпаролката на болницата во Чешке Будејовице.
Сè уште е непозната причината за судирот помеѓу двата патнички воза на пругата Чешке Будејовице – Плзен. Железничкиот сообраќај е во прекин, а на местото на несреќата има осум спасувачки екипи.
– Таа пруга не е опремена со современ безбедносен систем, изјави генералниот инспектор на Железничката инспекција Јан Кучер.
Според чешките медиуми, несреќата се случила бидејќи еден од возовите го игнорирал црвеното светло






