(ВО ЖИВО) Државниот врв на Постојаната анкетна комисија во Собранието – ќе се расправа за трагедијата во Кочани
Целиот државен врв во земјава – премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваат на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Седницата започна точно напладне, а на неа, како единствена точка на дневниот ред, е претставката од Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“.

Претставката е поднесена од родителите на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.
За денеска во 12 часот премиерот Христијан Мицкоски имаше закажано увид во градежни активности за реконструкција на нов мултифункционален центар во близина на СЦ „Марко Божиновски“ во скопско Ново Лисиче. Без образложение, од Владата утринава соопштија дека настанот се откажува.
видео: Инфомакс






