Воена вежба на НАТО во Балтичко Море

Шведска од денеска до 17 јуни е домаќин на овогодишната НАТО вежба БАЛТОПС 22.

Воената вежба, во која учествуваат повеќе од 7.000 војници, 75 авиони и 45 бродови, се одржува во Балтичко Море.

Во вежбата учествуваат 14 земји-членки на НАТО и контингенти од Шведска и Финска (САД, Естонија, Белгија, Данска, Франција, Велика Британија, Бугарија, Германија, Литванија, Норвешка, Летонија, Холандија, Полска и Турција).

БАЛТОПС 22 е 51-ва воена вежба во балтичкиот регион. Истата се спроведува од 1972 година, а годинава се одржува во Шведска, кога се одбележува 500-годишнината од Кралската шведска морнарица.

Back to top button
Close