Вонреден коалициски совет денеска во Софија – главна тема ќе бидат односите со Северна Македонија


На вонредниот коалициски совет, кој денеска треба да се одржи во Софија, се очекува бугарскиот премиер Петков да им објасни на своите партнери зошто од претседателот на Бугарија, Румен Радев, побара да го свика Советот за национална безбедност и да го претстави досега постигнатото во дијалогот со Скопје.
На барање на бугарскиот премиер Кирил Петков, коалициските партнери во бугарската влада вечерва ќе одржат вонреден совет, чија главна тема се односите со Северна Македонија, јави БНР.

Се очекува Петков да им објасни на своите партнери зошто од претседателот на Бугарија, Румен Радев, побара да го свика Советот за национална безбедност и да го претстави досега постигнатото во дијалогот со Скопје. За време на посетата на Рим и Ватикан на 24 мај, Петков најави оти ќе свика состанок на коалицискиот совет.

„Многу е важен форматот на коалицискиот совет. Ова ќе го прашам од моја гледна точка и ќе разговараме со коалициските партнери, но потребен ни е поширок консензус и затоа опозицијата мора да биде информирана“,

рече Петков.
Вчера, пак, Станислав Балабанов, од партијата Има таков народ на Слави Трифонов, изјави дека ќе слушнат што има ново да каже Петков, но оти нивниот став е јасен и базиран на позицијата утврдена со декларација од 44. Народно собрание и на претседателскиот советодавен совет.

„Само ќе ги слушнеме за што се состануваат, со оглед на тоа што овој став е јасен – и на претседателскиот советодавен совет и во рамковниот став на Бугарија и со декларација од 44. Народно собрание, па можеби и ќе се запознаам со нешто ново што не го знам“,

рече Балабанов
И заменик-претседателот на бугарското Собрание, Кристиан Вигенин, член на Бугарската социјалистичка партија (БСП), изјави дека Бугарија во моментов нема причина да го укине ветото за старт на преговорите за членство на земјата во ЕУ бидејќи не бил постигнат никаков напредок во договореното.

Според него, неприфатлив е ставот на бугарскиот премиер Петков да се свика ново заседание на Советот за национална безбедност за преговорите со Северна Македонија, само за да се види дали има некаков позитивен план за развој на односите бидејќи не може само, како што рече, да се седи од двете страни на границата и да се чека нешто да се случи.

Back to top button
Close