Вооружен напаѓач убил седум членови на едно семејство во Авганистан

Вооружен напаѓач убил седум членови на едно семејство, вклучувајќи жени и деца, во источната авганистанска провинција Хост, потврди денеска локалната полиција.

Нападот се случил доцна синоќа во куќата на жртвите во областа Мандозаи, позната и како Исмаил Кел. Во нападот е ранет уште еден член на семејството.

– Го идентификувавме напаѓачот и тој наскоро ќе биде уапсен, изјави за ДПА портпаролот на провинциската полиција Адел Хајдар.

Без да даде повеќе детали, полицијата соопшти дека мотивот за овој инцидент е „правно прашање“ и напаѓачот веројатно е роднина на жртвите.

Back to top button
Close