Возач од Беровско приведен во Делчево, управувал со 4,35 промили алкохол во крвта
Дваесет и шестгодишен возач од беровското село Митрашинци е лишен од слобода откако во Делчево бил затекнат како управува автомобил под дејство на алкохол.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера околу 15:05 часот, полициски службеници од ОВР Делчево при сообраќајна контрола на булеварот Македонија сопреле патничко возило „Ровер“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.Т. (26).
При алкотестирањето било утврдено дека возачот имал 4,35 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






