Возбудливо реми со четири голови на дербито во Манчестер

Големото дерби на 32. коло во Премиер лигата на стадионот „Етихад“ заврши вечерва без победник, откако лидерот Манчестер сити и второпласираниот Ливерпул ги поделија бодовите одигрувајќи 2-2 (2-1).

Дербито донесе прекрасен фудбал, а домаќините два пати водеа со головите на Де Брујне (5 минута) и Жезус (36), но Ливерпул го издржа притисокот и преку Жота (15) и Мане (46) успеа да освои бод.

Дербито во Манчестер го преслика резултат од дуелот кој двете екипи го одиграа претходно сезонава во Ливерпул, во октомври лани, кога домаќините на „Енфилд Роуд“, исто така, беа два пати во водство.

Манчестер сити остана лидер на табелата со 74 бодови, само бод повеќе од Ливерпул на шест кола до крајот на неизвесната трка за шампионската титула во Англија.

Back to top button
Close