ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Пукање во центарот на Брисел, две лица се убиени!

Двајца мажи загинаа во престрелка во центарот на Брисел, а напаѓачот е во бегство, јавуваат медиумите. Во престрелката се ранети неколку лица.

Како што јави Het Laatste, убиени се двајца мажи облечени во дресови на шведскиот фудбалски тим.

Одредени медиуми јавуваат, повикувајќи се на изјави на очевидци, дека постои можност да се работи за терористички напад и дека напаѓачот додека пукал извикал „Алаху акбар“.

Тој избегал со скутер.

Убиството се случи пред натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Белгија и Шведска во квалификациите за Европското првенство.

Back to top button
Close