Вработена им дала клуч, двајца влегле и украле пиштол од болницата во Дебар

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против тројца жители на Дебар, на возраст од 42, 32 и 36 години, поради сомнение за сторена тешка кражба. Второ- и третопријавениот се сомничат и за помагање во извршување кривично дело.

Според МВР, во ноќта меѓу 12 и 13 февруари 2026 година, вработена во Општата болница во Дебар, 32-годишната А.И.В., му го дала клучот од влезната врата на 42-годишниот Ј.А. Тој, заедно со 36-годишниот А.К., влегол во болницата и од една канцеларија одзел пиштол „Црвена застава“, со калибар од 9,9 милиметри, во сопственост на здравствената установа. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close