Вработени во државните служби во САД ги отфрлаат забраните за Тик-ток

Некои владини и државни службеници во САД одлучија да ги отфрлат забраните за Тик-ток. Така, еден од нив е Емануел Жан-Пјер – носител на писма за американската поштенска служба.

Имено, тој е и надежен писател кој има намера да го објави својот прв роман за млади луѓе подоцна оваа година. За таа цел, тој сега има и Тик-ток профил со назив Мани поштарот и ознака #mailtok, што има над 24,5 милиони прегледи.

Но, со тоа тој е засегнат од геополитичката борба меѓу САД и Кина и сомнежите дека далекуисточната земја преку својата кинеска видеоапликација врши недозволен дигитален надзор, т.е. „шпионажа“ и допира до милиони луѓе дневно. Поради тоа, властите во САД воведоа ограничувања околу Тик-ток.

Армиски пилоти, исто така, поставуваат видеа од леталата со кои летаат. Тука се и чуварите на паркови кои ги пренесуваат појавите и збиднувањата во природата, контролор на летање кој прикажува блиско избегнување судир на аеродромска писта итн. Нивната употреба на Тик-ток покажува колку е тешко да се спроведат ограничувањата на апликацијата од американските власти.

– Тик-ток е добра публика за климатските промени… Но, јас (на интернет-просторот) говорам за себе, а не од име на Агенцијата, истакна Питер Калмус, научник во лабораторијата за млазен погон на НАСА, од областа на климатските промени.

Тој веќе има 253.800 следачи на Тик-ток со објавени само 22 видеа. Тој го отвори својот профил лани откако бил уапсен по жесток протест пред „Чејс банката“ поради нејзините инвестиции во фосилни горива.

Back to top button
Close